Паметни сензори
Aqara, Shelly и Meross сензорите за врата, движење, чад и поплава се одлични за удобност и автоматизација: светлото се пали кога ќе влезете, добивате известување ако тече вода под машината за перење. Ги поставувате сами за неколку минути.
Алармен систем Ajax
Ajax е професионален безжичен аларм. Централата има резервна батерија и SIM картичка, па работи и без струја и без интернет. Има гласни сирени, тастатури и детектори за надвор, а може да се поврзе со агенција за обезбедување.
Кога што
- Стан, удобност и мир: паметни сензори со хаб.
- Куќа, викендица, локал или канцеларија: Ajax алармен систем.
- Најдобро од двете: Ajax за безбедност и паметни сензори за автоматизации. Работат одделно, во свои апликации.
Не заборавајте чад и вода
Детекторите за чад и поплава се најевтиното осигурување. Ставете сензор за поплава до бојлерот, машината за перење и под мијалникот.





